Постојат многу причини зошто треба да јадете ферментирана храна како кисели краставички или кисела зелка. Истражувањата покажуваат дека се преполни со пробиотици кои го поттикнуваат здравјето на цревата.
Иако повеќето луѓе сметаат дека киселите краставички не се здрава храна, всушност од консумирањето може да добиете многубројни придобивки. Витаминот Ц се губи во текот на процесот на скиселување, но затоа останатите хранливи состојки се засилуваа како витаминот Б. Витаминот А ќе остане сочуван, а влакната остануваат недопрени.
Ферментацијата создава пробиотски бактерии кои се многу корисни за цревната флора и за подобрување на здравјето. Пробиотиците влијаат на чистотата на кожата, го подобруваат имунитетот и можат дури и да ја намалат депресијата.
Киселите краставички содржат природни антиоксиданси кои ги има во свежиот сок и зеленчукот, додека варењето може да ги разгради хранливите елементи чувствителни на топлина, ферментацијата го задржува нивниот прехранбен профил и антиоксидансите. Сокот од кисели краставички има поголеми количини антиоксиданси Ц и Е кои се борат против слободните радикали и го подобруваат имунитетот.
Киселите краставички се добри и за намалување на шеќерот во крвта, ова го докажа истражување од 2005 година. Додавањето на кисели и ферментирани намирници во оброкот може да биде корисно за шеќерот во крвта, вклучително и за луѓето кои имаат дијабетес.