Мандарината е уште едно одлично овошје што се појавува на пазарите при крајот на есента и потоа ни е достапно дури и преку целата зима.
Прочитајте зошто се добри за вас:
Го намалуваат лошиот холестерол
Истражувањата покажале дека кожата на мандарината содржи хранливи состојки кои ефикасно го намалуваат „лошиот холестерол“.
Ја одржуваат линијата
Нискокалорични се, а нивните активни хранливи состојки штитат од дијабетес тип 2 и затнување на крвните садови.
Го поправаат расположението
Мирисот на мандарина помага при стресот, депресијата и анксиозноста. Ако имате лош ден и сакате да се релаксирате, обидете се да го сторите тоа со помош на мандарините.