Тендерот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар е процес за кој јавноста е транспарентно и континуирано информирана, посочуваат од кабинетот на министерот за здравство.

Нема никаква поента од објавување на информации од страна на Христијан Мицковски кои се достапни до јавноста и за кои веќе информиравме. Господине Мицковски грабежи имаше само во ваше време, кога бевте и Вие лично дел од владата на Груевски. Овде, ама баш ништо спорно нема и нема да најдете.

Конечно во нашата држава ќе има нов современ клинички центар со кој сум сигурен дека сите ќе се гордееме! По толку најави додека бевте на власт, конечно сега ќе почне нешто да се случува, посочи Венко Филипче.

Вистинска опозиција треба да критикува, но исто така треба да биде дел од афирмативни процеси во секоја една држава. А токму изградбата на новиот Универзитетски Клинички центар е тоа што на сите многу ни треба, а посебно на пациентите.

Иако со дел од дадените ветувања само го излажа и изманипулира народот, граѓаните и пациентите, сепак Филипче како министер се обраќа до претседателот на опозицијата, сакајќи при тоа неупешноста на своето работење, местењето тендери во 4-ри очи, доделување тендери на родители на негови блиски соработници како и морална и задолжителна вакцинација со вакцини со сомнително потекло, да ги направи дека не постојат и при тоа вината да ја префрли на друго место.

Кај опозицијата. Како е возможно тоа кога сега тој е министер, веќе трета година, тој е дел од власта и тој треба да прави што може, не да биде неуспешен и за тоа да бара други да бидат виновници. Народот не ги заборавил манипулациите од ваша страна министре – кажуват граѓаните, пациентите

Неможе да се збори за напредок, за афирмативни процеси, а минатото да е извалкано со сомнителни постапки и ситуации, потребно е да се биде пред се самокритичен, па потоа да се напаѓаат другите. – посочуваат и реагираат по социјалните мрежи граѓаните откако излезе соопштението од министерството и се обрати министерот.