Еднонасочна и тесна уличка во скопско Сопиште, приземје од семејна куќа ќе биде старечки дом за болни од деменција.

Жителите на улицата 29 револтирани, бараат инспектори од МТСП да излезат на лице место за да видат каде се планира да се гради, каква е локација за која издале дозвола каде треба да се чуваат болни лица.
Куќата на соседите која ќе биде старечки дом е околу 100 квадрати, има мал двор, објектот нема паркинг. Влезот до објектот е мала врата која излегува на главната улица широка само 3 метри, по неа се вози само во една насока, а води до 4 други улици.

Неколку десетици семејства кои живеат на улицата се потпишале на петиција за дислокација на старечкиот дом, но не наишле на разбирање во министерството за труд и социјална политика, велат дека нема да се откажат од битката, од понеделник ќе тропнат и на вратат на локалната власт, ако не наидат на разбирање од надлежните, најавуваат блокади на улиците.