Времето во Македонија денес се очекува во претпладневниот период по одделни котлини да биде магливо, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Погледнете какво време не` очекува до сабота.

Првиот снег во Србија се очекува на 8 декември, но поради високите температури веднаш ќе се стопи, најавуваат метеоролозите во соседна Србија. Според нивните зборови, вистинската зима со многу снег и температури под нулата не чека тек во јануари.

Како што покажува долгорочната прогноза на Републичкиот хидрометеоролошки завод, во наредните 30 дена ќе биде променливо, со сонце, ветер, дожд и снег. Утринските температури ќе се движат од минус два до пет, додека највисоката дневна температура ќе биде околу 10 степени. Првиот снег кој ќе падне на почетокот од следниот месец, нема да се задржи во пониските предели, а формирање на снежна покривка е можно само во планинските предели.

Земајќија во предвид близината на нашата земја со Србија, можеме да препоставиме дека Македонија како и секогаш после ден два, ќе ја зафати бранот од Србија. Еве ги најавите според ACCUWEATHER за Скопје за трите најстудени денови во најава…