Во Босна и Херцеговина регистрирани се вкупно 1.355 случаи позитивни на коронавирус. Во изминатите 24 часа направени се вкупно 601 тестирања, а потврдени се случаи кај пет лица од пет различни градови.

До вчера напладне во БиХ извршени се вкупно 20.125 тестирања.

Од вкупниот број регистрирани случаи, 460 се оздравени, а 54 починати лица.