Микробиологот д-р Никола Пановски, препорачува во скопските општини Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел каде има најмногу заболени од коронавирус, да се стават во карантин.

„Ако не цела држава, тогаш тие општини каде има најмногу заразени треба да бидат во карантин“ , вели Пановски.

За „Фокус“ , Пановски вели дека се избрзало со олабавување на мерките против ширење на Ковид-19 бидејќи бројките на заразени и починати сега и бројките од 22 април се исти, само што тогаш имаше полициски час од 16 часот.

„Факт е дека имаме големи бројки и немаше потреба од такво нагло олабавување на мерките. Знам дека се спремаат за избори и дека полека се спрема терен, но тоа не е решение ако ти секојдневно имаш толку заразени и починати.

Ако сакаме да бидеме како Шведска требаше од прв момент да не воведуваме никакви мерки и да си тераме така. А, не во еден момент на истите бројки некои имаа по два саати право да излезат, а сега се нормално функционира“, вели Пановски.