ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија – Скопје денеска во хотел „Хилтон“ ќе го одбележи Светскиот ден на бубрегот под мотото „Здрави бубрези за сите – Да се подготвиме за неочекуваното, да ги заштитиме најранливите”.

Светскиот ден на бубрегот денеска традиционално ќе биде одбележан и во Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН. На двата настани ќе присуствуваа стручни лица од областа на нефрологијата.

Мисијата на Светскиот ден на бубрегот, кој се одбележува секој втор четврток во месец март, е да се зголеми свесноста за значењето на нашите бубрези за нашето севкупно здравје и да се намали честотата и последиците од болестите на бубрезите и поврзаните здравствени проблеми на светско ниво.

Светскиот ден на бубрегот е заедничка иницијатива на Меѓународното здружение по нефрологија (International Society of Nephrology -ISN) и Меѓународната федерација на фондации за бубрегот (International Federation of Kidney Foundations -IFKF).