Министерството за здравство распиша тендер за седум нови возила за Итна медицинска помош. Бидејќи, како што објасни министерот за здравство Венко Филипче, со претходната набавка се задоволени потребите на Здравствен дом Скопје, возилата што ќе бидат купени со новиот тендер ќе се наменат за Здраствени домови во други градови.

-Министерството за здравство објави оглас за јавна набавка за возила, од заштедите што се направија при набавката на возила за Итна медицинска помош пред неколку месеци. Последната анализа покажа дека возилата што ги набавивме за Здравствениот дом – Скопје сега се сосема доволни, може да одговорат на барањата на граѓаните и тие ќе бидат наменети за здравствените домови ширум државата – рече Филипче на промоцијата на реновираниот вакцинациски пункт во поликлиниката „Чаир“.

За Венко Филипче на фалењата им нема крај и покрај тоа што за град како Скопје потребата од возила за итна помош е да бидат повеќе од 60-тина на број, но дали и покрај сите познати податоци и потребни информации министерот Филипче упорно посочува дека со 10 возила е покриено цело Скопје и задоволена потребата на секој граќанин кој има итност и при тоа не чека никој? Дали тоа Филипче се обидува да не убеди дека бројката на возила е доволна и пробува веста да ја претвори во позитивна и на негово салдо, презентирајќи се себеси како грижлив пред пациентите и народот во очи на предвремени избори?

Дали ова е само дел од неговата кампања или реално мисли дека тоа е така, министерот треба да излезе јавно и да каже? Податоците посочуваат дека реалните потреби на градот Скопје се на секои 12 илјади жители по едно возило никако поинаку, тоа се направени калкулации според тие на европските земји каде се грижат властите за своите сограѓани и пациенти, тоа се тие европски вредности кон кои се тежнее, Зар не?

Дали со ваквите реакции на министерот Филипче само тоне здравството и граѓаните неможат да се потпрат на медицинската итна помош дека кога ќе ја побараат истата за брзо ќе дојде?