Хепатит Ц откриен е кај шест поранешни пациенти на штипската ортопедија. Првите два случаи се пријавени на крајот од јули. Од Клиничката болница ја потврдуваат информацијата, но тврдат дека нема сигурен доказ дека пациентите вирусот го добиле за време на нивниот престој во болницата. Според раководството на болницата и претседаталеката на Комисијата за интерболнички инфекции, се работи за хетерогена повозрасна група на пациенти кои биле хоспитализирани поради различни причини и добиле различни болнички третмани.

Од болницата тврдат дека веќе ги презеле сите мерки за стерилизација и дезинфекција, а вирусот не е изолиран ниту кај медицинскиот персонал. Од Клиничката болница велат дека по 1-ви септември сите пациенти кои ќе бидат хоспитализирани ќе мора претходно да направат и тестови за хепатит Ц.

Ова е сликата на македонското здравство додека оваа власт се грижи само за тоа да не пропушти некој тендер и кој од нејзините редови остана невработен! Дали дојде животот за македонските пациенти?