Постои размислување дека со остранувањето на млечните производи од исхраната можете да го зголемите нивото на енергија, да се подобри варењето на храната и да ја намалите тежината. Една корисничка на социјалните мрежи одлучи да го отстрани млекото од исхраната за да ги воочи резултатите.

  • Денот го започнував со шолја јогурт и кафе со млеко, па знаев дека утринската рутина без тоа ќе ми биде нарушена. Во недела одев да купам бадемово млеко, чиа семе, јајца и авокадо, рече таа и сподели како изгледаше нејзиниот едно неделен предизвик.

Првиот ден за доручек имав чиа семе кое претходната ноќ го потопив во бадемово млеко и утрото му додадов боровинки, па мојот доручек не се разликуваше од оној на кој сум прилагодена. За ручек јадев тајландска храна, а за вечера јадев нудлс во песто сос.

Вториот ден за доручек пржев јајца и им додавав авокадо, а за ужина јадев една рака бадеми. За вечера подготвив свинско месо со спанаќ и киноа без путер. Третиот ден за доручек повторно јадев чиа пудинг, за ручек нудлс со спанаќ, а за вечера мексичка храна со многу грав.

Веќе четвртиот ден го открив овесното млеко кое е одлично за во кафе, па конечно се напив добро кафе за доручек, а за вечера порачав кинеска храна.

Петтиот ден сфатив дека повторно јадев јајца за доручек, јадев кинеска храна за ручек и за вечера не погледнав ништо во менито во ресторанот, бидејќи имаше многу млечни производи.

Шестиот ден за доручек направив јајца и сланина, за ручек остаток од вечерата, а за вечера подготвив нудлс со зеленчук. Седмиот ден беше последниот ден од мојот предизвик. Чиа пудингот е одличен, а кафето со бадемово млеко и не толку многу. Остатоците за ручек, додека за вечера пилешко со брокули и ориз со многу соја сос.

Веќе осмиот ден се вратив на млечните производи. Не знаев како мојот организам ќе реагира на млекото и лактозата па за секој случај направив и чиа пудниг.

Не сум сигурна дали имав повеќе енергија, но несомнено се чувствував многу подобро. Иако само една недела не консумирав млеко, забележав дека не сум многу подуена.