Лекарите предупредуваат на враќање на сифилисот, болест која речиси беше исчезната. На глобално ниво, бројот на заболени од една од најстарите сексуално преносливи болести е зголемен за дури 38 отсто во последните 10 години. Лекарите истакнуваат дека лекувањето на сифилисот напредувало, и дека е важно болеста навреме да се забележи.

Луѓето се помалку се плашат од ХИВ, имајќи предвид дека постојат лекови кои успешно го држат вирусот под контрола, што доведе до поголема релаксација, особено кај младите, па тие се најранливи кога се работи за сифилис.

Денес, раните предизвикани од оваа болест веднаш можат да се забележат на кожата како осип. Исто така, можно е заразеното лице да се чувствува уморно. За среќа, сифилисот денес целосно се лекува, а пеницилинот е најбрзиот лек. Сепак, прогресијата на болеста може да доведе до потешки и опасни ситуации. Нервниот систем исто така може да биде компромитиран.

Мажите се изложени на поголем ризик да заболат од сифилис, но може да го добијат и жените, со тоа што може да се пренесе од мајка на дете, пренесуваат медицинските портали.