Парични казни за основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ како правно лице и директорката Олгица Стојанова како одговорно лице откако минатата недела во холот на ова школо се организираше ифтарска вечера за ученици и повозрасни лица. Вакава одлука донел државниот просветен инспекторат откако нивни екипи извршија увид и проверка на фактите по реакција на јавноста. Училиштето според информациите е казенто со 1.600 додека  директорката со 1.120 евра казна.

Според инспекторатот одговорноста за овој случај ја има првиот човек на ова образовна институција заради што до општинските власти ќе поднесе барање за разрешување на раководното лице, бидејки дозволило верско организирање во училиште што е спротивно на законот.

Од општината кои минатата недела беа затечени од објавената снимка информираа дека немат добиено никакво укажување од државниот просветен инспекторат. Откако ќе го добијат ќе постапат по нивните препораки односно ќе ја отпочната постапката и ќе достават предлог до училишниот одбор за разрешување.

Во четвртокот вечер после 19 часот во холот на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ беше организиран вески обред – ифтарска вечера на која пее оџа. Реакциите се појавија откако по социјалните мрежи беше објавено обредот  на кој присуствуваа стотина ученици и родители од муслиманска вероисповед.