Постојат производи што можеме да ги јадеме колку сакаме, без да се плашиме дека ќе се здебелиме. Нутриционистите откриваат дека тие спаѓаат во две главни категории: овошје без скроб и зеленчук.

„Нема да се здебелиме ако ги консумираме, бидејќи најмногу содржат вода и имаа многу малку калории, а благодарение на изобилството на влакна, се чувствуваме сити откако ќе ги изедеме“, објаснуваат нутриционистите.

Освен тоа, добро е што почесто да ги воведете на мените, бидејќи се богати со витамини, антиоксиданси и разни корисни состојки.

Целер

Полн е со влакна и одличен извор на витамин К, антиоксидантот кумарин и витамин Б. Целерот со средна големина содржи само 6 калории, додека телото за неговата разградба троши околу 50.

Аспарагус

Богат е со витамин Ц, Б6, но и рибофлавин, влакна и магнезиум, а одличен е и како диуретик, затоа што го исфрла вишокот вода од организмот. Содржи само околу 10 калории, а најдобро е да се јаде готвен на пареа, за чија разградба телото троши и до четири пати повеќе калории одошто тој содржи.

Брокули

Околу 100 грама брокули содржат 25 калории, додека телото за нивната дигестија троши дури 80 калории. Содржат многу витамини и минерали, а поради својата лековитост, прогласени се за најдобар сојузник во превенцијата од појава на карцином.

Морков

Околу 100 грама моркови содржат 41 калорија, а телото троши околу 60 калории за да ги разгради. Одличен извор е на витамин А и каротеноид, како и диетални влакна, витамин Ц и калиум. Освен тоа, богат е со природен шеќер и е одличен за засладување кога сме на диета.

Грејпфрут

Ова овошје е познато по својата моќ за слабеење, бидејќи ги напаѓа масните клетки, а полно е со витамин Ц и Б6, тиамин, рибофлавин и влакна. 100 грама грејпфрут имаат само 32 калории, а на телото му требаат двојно повеќе за да ги разгради.

Рдоква

Една голема рдоква содржи само една калорија, а за телото да ја дигестира му требаат барем три калории. Одличен извор е на витамин Ц, а благодарение на своето дејство, го поттикнува согорувањето на масните наслаги во организмот.

Печурки

Околу 100 грама печурки содржат 18 калории, а телото троши околу 55 калории додека ги разгради. Од сите печурки, шампињоните имаат најмногу протеини, а одличен извор се за рибофлавин, селен и инулин и не содржат скроб.

Зелка

Сто грама зелка содржат само 20 калории, а за да ги разгради, на телото му требаат тројно повеќе калории. Од друга страна, ако ја јадете варена, телото ќе потроши двојно повеќе. Одличен извор е на витамин Ц, бетакаротен и витамин А, како и на минерали.

Јаболка

Јаболкото со средна големина содржи околу 100 калории, а телото троши околу 120 калории за да ја разгради. Освен тоа, јаболкото дава чувство на ситост, бидејќи го поттикнува метаболизмот. Богато е со витамин Ц и антиоксиданси и го намалува лошиот холестерол.

Зелена салата

Шолја зелена салата содржи околу осум калории, а бидејќи главно се состои од вода, на телото му треба три пати повеќе енергија во форма на калории за да ја разгради. Богата е со железо, магнезиум и витамини, па затоа е задолжителен додаток на секоја здрава исхрана.

Боровинки

Боровинките се богати со антиоксиданси и влакна. 10 дкг од ова овошје содржат шестина од препорачаната доза влакна и многу нутриенти, а содржат само 85 калории.

Краставици

Богати се со бета каротен, а бидејќи се составени главно од вода, содржат само 16 калории по порција. Семките и кората содржат најголема количина на нутриенти, па најдобро е да не ги лупите.

Домат

Најпознати се по нутриентот ликопен, кој помага во борбата со кардиоваскуларните болести и штити од рак. Освен тоа, богат е со витамини А, Ц, Б2, калиум и влакна. Еден домат со средна големина содржи само 25 калории.

Портокали

Најпознати се по големата количина витамин Ц, клучен за производство на колаген и јакнење на имунитетот. Освен тоа, голем портокал содржи само околу 80 калории.

Јагоди

Богати се со антиоксиданси, полифеноли и витамин Ц, калиум и влакна. Една шолја јагоди содржи само 50-тина калории.