23 годишно момче денеска почина како резултат на последица од Ковид-19

Во текот на денешниот ден, Министерството за здравство соопшти дека од 552 направени тестирања, регистрирани се 45 нови случаи на заболени од Ковид-19. Седум лица починаа, меѓу кои и 23…

Во текот на денешниот ден, Министерството за здравство соопшти дека од 552 направени тестирања, регистрирани се 45 нови случаи на заболени од Ковид-19. Седум лица починаа, меѓу кои и 23 годишно момче од Свети Николе.

Од починатите, двајца пациенти се од Струмица на возраст од 52 и 62 години, еден од Дебар, на возраст од 54 години, пациентка од Штип на 53 години, пациентка од Прилеп на возраст од 66 години, пациент од Кочани исто така на возраст од 66 години и младото момче од Свети Николе.

Велешкиот градоначалник, Аце Коцевски денеска соопшти дека на Инфективната клиника во Скопје како последица на Ковид 19 починало 23-годишно момче од Свети Николе. Според неговата информација, момчето најпрво се лекувало на Инфективното одделение во болницата во Велес, но поради компликации, минатата недела било итно пренесено во Скопје.

Коцевски апелираше до сите жители на општина Велес да ги почитуваат мерките за заштита затоа што последните десетина дена бројките покажуваат зголемување во тој реон.


Related Articles