Директори на најмалку 7 училишта во Скопје, неколку во Штип, сите училишта од Битола, неколку од Куманово и Велес, учениците кои не примиле МРП вакцина не ги примаат во училиште. Тие веќе 18 дена не одат на настава, а со ова се крши законот кој вели дека секое дете има право на образование. Ист случај е и со градинките. Една мајка вели дека иако веќе нема епидемија на морбили, од градинката и рекле дека ако за 10 дена не го вакцинира нејзиното дете ќе биде отпишано.
Гордана Гоџо од невлданита организација „Од нас за нас“ вели дека настанат е хаос бидејќи родителите не знаат дали треба да ги вакцинираат децата само со МРП вакцината или треба да имаат уреден вакцинален картон, а и градинките и училиштата не знаат каква потврда треба да донесат родителите.
До министерството за образование се поднесени 300 преставки од родители кои не сакаат да ги вакцинираат нивните деца, но од министеството не одговараат за тоа кога ќе се дејствуваа по овие барања.
Тривалентната вакцина МРП ги содржи живите вируси на морбилите, рубелоата и заушките. Зошто едно здраво дете кое ги има прележано малите сипаници му се наложува да ја прими МРП вакцината. Дури има и дечиња кои ги имаат прележано сите три болести и им се наложува да ја примат оваа вакцина. Зошто се прави оваа присила за примање вакцина, прашуваат од невладината „Од нас за нас“.
Тие овој викенд ќе организираат панел дискусија за вакцинирањето на која ќе учествуваат лекари од регионот, невладини организации и родители кои биле оштетени директно од вакцините. Повик добил и министерот за здравство Венко Филипче, кој на прашањето дали ќе биде присутен потврди дека позитивно ќе одговори на поканата.