48 годишна воспитувачка во градинка е обвинета за кривично дело-Насилство врз дете

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело- Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик….

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело- Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.

На 01.09.2021 година, обвинетата 48-годишна воспитувачка во детска градинка во Автокоманда извршила физичко насилство спрема дете оставено на грижа и чување во објектот.

Додека го делела ручекот за децата во групата, обвинетата со метална супена лажица го удрила детето по главата, нанесувајќи му телесна повреда- нагмечно-расцепна рана на темето.​


Related Articles