Во Македонија се уште не може да се обезбеди целосна инклузија на децата и лицата со попреченост во образованието и општеството. Пречките со кои се соочуваат лицата со попреченост се физички и инфраструктурни бариери, постоењето специјални училишта, недостиг на персонални и образовни асистенции, стигма и недоволен капацитет на образовните институции и општеството во целина за да ги прифати, на чие отстранување работи невладиниот сектор, Министерството за труд и социјална политика и МОН преку спроведување проекти за развивање социјални услуги на локално ниво, деинституционализација, но и развој на капацитетите на институциите и општеството за да можат да овозможат поголема инклузија.

-Затоа ние како Министерство, како Влада работиме на вклучување на овие лица, прво преку затворањето на големите институции со деинституционализација, како процес на извлекување на децата или лицата од институции, но притоа општеството треба да се подготви за нивно прифаќање. Се сеќаваме на случајот „Тимјаник“, кој е пример како ние перцепираме инклузија – да, ама не кај мене во дворот.  И токму затоа, сметам дека овие јавни програми што ги прават граѓанските организации со поддршка ЕК, а во соработка со училиштата, центрите за социјална работа, здравствените установи и локалната самоуправа ќе направат поместување на состојбите, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на презентација на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, што го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

-Дајте да видиме да ги зајакнеме градинките да може да ги апсорбираат децата со попреченост да не одат во посебен дневен центар. Да, треба да се намали бројот на деца во групите, воспитувачките треба да се со капацитет и знаење. Но, ваквите иницијативи ја поттикнуваат свеста кај населението зошто сите ние како поединци треба да се отвориме за различноста, а после институциите да се прилагодат и да го зајакнат својот капацитет. Така што, сега во овој прв период ги кршиме тие бариери, па понатаму ќе може да зборуваме за вистинска инклузија, вели Царовска.

Знае министерката Царовска да кажува за инклузија и за прифаќање на различностите но, каде е да ги одржи ветувањата кои ги дава и со кои се расфрла додека е на позиција министерка. Кога сме веќе кај Тимјаник, сите добро се сеќаваме дека селаните се собраа и протестираа против центарот за деца со попреченост, но вистинската причина не била таа дека селаните се бесчувствителни.  Вистинската причина која лежи позади протестот е дека истите тие селани барале кај истата министерка изградба на градинка во нивното село бидејќи дечињата за да може да посетуваат градинка родителите морало да ги носат во првото најблиско населено место кое има градинка, а поголемиот дел од нив ги носеле децата во Неготино, што е оддалечено со неколку километри во еден правец од нивното родно место, село.

Освен тоа министерката кога дошла да разговара со селаните им ветила дека ќе изградат градинка и нивните деца да си бидат дома и во селото да може барем додека се мали родителите да ги гледаат и да им бидат блиску. Но и тоа не се случи, селаните добија центар за деца со попреченост, немаат проблем со него, но освен тоа не добија ништо освен празни зборови, никој повеќе не дојде да праша за градинка, никој не се ангажира да направи било што во однос на градинката. Така да наместо министерката да се „залага“ наголемо за „прифаќање“ на различностите, на начин како пред некој месец кога се стави во заштита на хомосексуалците, травеститите и лезбејките и кога одеднаш насон доби идеја да го проширува законот за дискриминација, додавајќи одредени ставки на мала врата, за утре наголемо да почне да се збори или става во законот истополовиот брак и слични хермафродитски пакувања.

Подобро упатените во проблемите во МТСП, како и дел од селаните со кои стапивме во контакт посочуваат дека се излажани, изманипулирани од министерката и дека не веруваат повеќе на ништо што оваа влада ќе каже бидејќи се убедени дека тоа нема да се случи.

Во Тимјаник, неготинското село, селаните сеуште ги носат своите мали дечиња од неколку години, по неколку километри секој ден во еден правец и истото го прават попладнето за да може нивните дечиња во 21-от век да бидат дел од социјалната средина, да се социјализираат со другите дечиња и да усвојуваат почетни знаења за животот. Каде е министерката Царовска ова да го објасни пред народот, не да кажува инклузија, во обични градинки деца со посебни потреби, каде вие персоналот министерке за таа работа, се знае дека тоа не го може секој?