Трчањето им е омилена физичка активност на многумина. Независно дали практикувате медитативно трчање во парк за рекреација или сте сред интензивна подготовка за (полу)маратон, пред да започнете да трчате, неопходно е да го подготвите телото.

Со следните 5 движења ќе ги размрдате мускулите и зглобовите и ќе му го олесните на телото преодот кон подинамична активност.

Марширајте со 10 чекори на десната, а потоа со 10 и на левата страна.

Имитирајте движење на искачување на стрмнина – 10 пати на едната, а потоа исто толку и на другата страна.

Идејата е со петиците да го удирате задникот и да ги движите нозете колку што е можно побрзо – по 10 пати на страна.

Чекорејќи настрана со потклекнување не само што ќе ги активирате мускулите, туку и ќе ги подготвите колковите за поинтензивна активност. Повторете го движењето по 8 пати на секоја страна.

Направете по 8 исчекори наназад со двете нозе.