Ова не се пријатели какви што ти требаат во животот, тие секогаш ќе те влечат надоле.

Пријателите би требало да бидат личности кои те поддржуваат, да ти кажат кога носиш лоши одлуки, кои ќе се радуваат со тебе и ќе бидат секогаш тука за тебе. Тоа се луѓе со кои треба да се чувствуваш пријатно и нема да се плашиш да бидеш свој/а.

Во ред е да прекинеш врска со пријател, особено доколку тој/таа негативно влијае на тебе и твојот живот. Доколку некој со кој се дружиш често прави неколку или сите од овие 5 работи, всушност ти прави повеќе штета отколку корист.

Поради нив се чувствуваш несигурно

Пријателите кои ќе ти кажат дека имаш нешто на забот или дека маскарата ти е размачката се пријатели какви што сакаш да имаш покрај себе. Оние кои таквите работи ти ги кажуваат на таков начин што ќе се чувствуваш како да те критуваат – не се пријатели какви што сакаш да имаш околу себе. Доколку поради луѓето со кои се дружиш почнуваш да се сомневаш во себе на било кој начин, тоа не се луѓе на кои им е важно да се до тебе. Пријателите се тука да те спуштат на земја и да ти кажат кога претеруваш со нешто, но оние на кои им е важно до тебе нема да го направат на таков начин да започнеш да се чувствуваш лошо и несигурно. Злобните критики не би требало да доаѓаат никогаш од пријателите.

Се чувствуваш како да си натеран/а да се занимаваш со работи кои не ги сакаш

Во ред е некогаш со пријателите да правиш некои работи поради кои не си воодушевена, но знаеш дека тие ги сакаат. Па така некогаш со неа ќе одиш 5 часа на шопинг или цела сабота ќе гледате романтични комедии, а сето тоа ќе го поминеш со насмевка на лицето, бидејќи знаеш дека си ја направила среќна. Од друга страна, доколку секое ваше договарање и дружење е некоја активност од која ти се крева косата, имате проблем. Кога со некој се договараш за дружење и веднаш знаеш дека не ти се оди, најверојатно не станува збор за здрав однос. Некогаш со пријателката ќе правиш работи кои таа ги сака, а некогаш таа ќе прави со тебе нешто што ти сакаш – и ќе ви биде сосема сеедно каде сте и како го поминувате времето, бидејќи ви е супер заедно – така треба да изгледа пријателството.

Вашето пријателство е како еднонасочна улица

Тешко е да се биде пријател со некој за кој се грижиш, а таа личност очигледно не се итнересира за тебе. Доколку ти си онаа која постојано повикува на дружење, секогаш прва се јавува, онаа која знае се за другата личност, деодека другата страна не знае ни кога ти е роденден… тоа се показатели дека на твојата пријателка не е и важен вашиот однос. Тука припаѓаат и оние луѓе кои ти се јавуваат само кога нешто им треба. Поради нив ќе се чувствуваш лошо и ќе се прашуваш што правиш погрешно, а вистина е дека ништо не правиш погрешно, туку дека тие се лоши пријатели кои негативно влијаат на тебе.

Кога разговарате, се чувствуваш како да одиш по јајца

Кога во разговорот со некој постојано размислуваш што зборуваш, бидејќи другата страна би можела да го сфати тоа како напад или да го насочи разговорот во некоја драматична насока, таквото дружење не е лесно. Личноста која е токсична за тебе ќе се налути секој пат кога ќе започнеш да зборува дека со некоја друга пријателка си правела нешто одлично и бара од тебе да престанеш да се дружиш со неа, ќе се налути и доколку некогаш со задоволство би останала дома да гледаш серија, отколку да одиш на кафе… Во ред е некогаш да жртвуваш нешто за најдобриот пријател, но не работите и луѓето кои ги сакаш.

Љубомора

Вистинскиот и добар пријател за секој успех кој ќе го постигнеш, па дури и оној најмалиот, ќе направи забава за да го прославите тоа. Токсичните пријатели, оние кои влијаат негативно на тебе, тоа нема да го направат, бидејќи се љубоморни на твојот успех. Некои ќе одат толку далеку што ќе порбаат и да те саботираат. Поради таквите некои го кријат својот успех, бидјеќи не сакаат да се претвори во драма. Такви работи никогаш не би требало да се прават.