Во близина на селото Смоквица, Гевгелија, полицајци од граничен надзор и гранична контрола „Богородица“ спречено е кримчарење на мигранти во товарно моторно возило влекач со гевгелиски регистарски ознаки сопственост на фирма, а управувано од Р.Р. од Гевгелија.
Во товарниот простор од возилото пронајдени се 11 малолетни лица (10 од Пакистан и еден од Авганистан) и 72 полнолетни лица мигранти (четири од Ирак, еден од Индија, еден од Авганистан и 66 од Пакистан).
Возачот е обезбеден за понатамошна постапка, а лицата во моментов се ноаѓаат во прифатниот центар во Гевгелија.