Во текот на цела измината недела медицинскиот персонал, докторите и пациентите во институтот за медицина на трудот во чаир се борат секојдневно со придобивките кои оваа влада и власт ги донесе по медицинските установи, поточно се борат со „животот“. Тука веќе втора недела по ред нема стабилна интернет врска и конекција, можеби ќе се запрашате каква врска има тоа со одењето на доктор и со прегледите кои се закажани?
Токму така, можеби за обичниот граѓанин нема, но за пациентите има и тоа голема улога. Недостатокот на интеренет конекција, сменетиот интернет провајдер откако се смени власта и настапи „животот“ на сцена се основен проблем на пациентите кои ја посетуваат оваа здравствена установа. Докторот може да изврши преглед, но при тоа неможе да ги внесе податоците од прегледот во систем со што на крајот од прегледот пациентот од кај медицинската сестра би добил целосен извештај и напишана дијагноза со соодветна терапија, како истата би можел да ја однесе кај матичниот доктор и врз база на запишаната терапија да добие рецепти и да може да си ги подигне лековите во најблиската аптека.
Една од докторките со која што разговаравме ни посочи дека за да може да им излезе во пресрет на пациентите мора сите запишани и извршени прегледи со дијагнози, терапии да ги носи дома, преку нејзиниот компјутер да се логира во системот и да на тој начин ги внесува во систем потребните извештаи, кои само така би биле валидни и функционални за пациенитите. А пациентите во текот на утрешниот ден после прегледот би можеле да поминат лично или да помине некој нивни близок родинина и да го подигне извештајот готов во форма во која што треба да биде.
Вака се жонглираат работите во институтот за медицина на трудот во Чаир, можеби причината лежи и таму дека директорот е поставен партиски и е довчерашен техничар на станица за технички преглед, па раководењето на една здравствена установа како институтот за медицина на трудот и не му е јака страна.
Како и да се погледне и од која страна не е поволно за македонските пациенти кои ги користат услугите на оваа институција, бидејќи тие пациенти кои зависат од терапијата и хронично ја користат и им е потребна во аптеките нема како да ја побараат, а згора на се како се квотите може и да не ја најдат, бидејќи е крај на месец, квоти нема, а ФЗОМ со сегашното раководство како што може да се види не се многу грижливи и на страна на македонските пациенти.
Каде е објаснувањето на министерот Филипче за овие секојдневни работи кои што се случуваат во институциите кои треба да ги лечат пациентите и да се грижат за нивното здравје?