Нема топла вода на Неврологија во Клинички центар. Пациентите таму што лежат се приморани да се капат со грч ладна вода. За ова и надлежните молчат, за да не се дознае во јавноста. Но од неофицијални информации дознаваме дека ова се случува често дури и со недели да нема топла вода на Неврологија.
Но ова се случува се почесто во сите одделенија на Клинички центар. Па пациентите наместо да се лекуваат на Клинички центар, тие се приморани да седат во нечовечки и нехумани услови. Здравствениот систем е пред колапс. Вработените молчат и ги сокриваат ваквите проблеми што им се случуваат во Клинички центар од јавноста и ги приморуваат пациентите да се капат со мраз вода. Наместо нашиот систем да оди напред и да се модернизира, тој се враќа во 15-ти век. Дури и тогаш се грижеле подобро за пациентите отколку денес.
Додека министерот за здравство Венко Филипче ветува во јавноста мед и млеко за здравствениот систем, болниците ги немаат најосновните работи кои што се потребни за да се дадат на пациентите.