Сулфатите се хемикалии без кои вашата коса може да преживее, бидејќи тие не само што знаат да бидат причинители на бројни иритации, туку се и штетни за обоената коса. Шампоните кои содржат сулфат побргу ја отстрануваат бојата на косата отколку оние без сулфат.
Одбегнувајте го честото миење на косата
Честото миење на косата може да ги отстрани сите природни масла од вашата коса, што може да предизвика пукање на влакното. Миењето на косата еднаш до два пати неделно е идеално за одржување на бојата и здравјето на косата. Фризерите препорачуваат што поретко миење на косата со шампон, со што ќе забележите промени во нејзината текстура за само неколку недели.
Стилизирањето на косата со топлотни уреди дополнително ја уништува и онака веќе оштетената фарбана коса. Обидете се што повеќе да ги избегнувате фенот, пеглата и фигарото за косата да биде поздрава. Освен што топлината дополнително ќе ја оштети косата, бојата побргу ќе избледи. Доколку не можете во целост да ги избегнувате уредите за коса, користете спреј за заштита на косата од топлина.
Нанесете масло пред шампонирањето
Кокосовото масло ќе ја заштити вашата коса од потенцијалните оштетувања, а рицинусовото масло ќе го поттикне нејзиниот раст поради што најдобра опција е да ги користите двете масла. Нанесете ги преку ноќ како маска и наутро измијте ја косата или едноставно нанесете масло на врвовите пред миењето со шампон. Третманите со масла одлично ќе ја потхранат фарбаната коса и ќе ја направат да изгледа сјајно.