Епидемијата со морбили, зема се поголем замав, пацент на Инфективна клиника во животна опасност!

Седум новозаболени од морбили се регистрирани во текот на вчерашниот ден од кои еден е хоспитализиран. Станува збор за 24-годишна пациентка од Куманово, мајка на заболено лежечко дете за која…

Седум новозаболени од морбили се регистрирани во текот на вчерашниот ден од кои еден е хоспитализиран. Станува збор за 24-годишна пациентка од Куманово, мајка на заболено лежечко дете за која нема евиденција за вакцинален статус, информираат од Клиниката за инфективни болести.

На Клиниката, како што посочуваат, има 31 пациент од кои 15 се возрасни и 16 деца.

Во животозагрозувачка состојба е еден пациент на одделот за интензивна нега кој е на механичка вентилација на Клиниката. Со тешка клиничка слика е и 14-годишен пациент со церебрална парализа и пневмонија. Со сериозна пневмонија е и едно седуммесечно бебе.

Амбулантски се прегледани уште шест пациенти кои се пуштени на домашно лекување од кои едно е седумгодишно дете од училиштето „Тефејуз“ во Чаир, за кое нема евиденција за вакцинален статус. Останатите се возрасни меѓу кои најмладиот е на возраст од 22 години, а најстариот е на возраст од 44 години, кои се од Скопје освен еден пациент кој е упатен од Гостивар, информираат од Клиниката.


Related Articles