Вчера попладне Светската здравствена организација информираше дека колера се шири низ Либан. Првиот случај бил регистриран на 6 октомври, а досега биле потврдени вкупно 381 случај на зараза, од кои 17 имале фатален исход.

Канцеларијата на СЗО во Либан соопшти дека болеста првично се појавила во северните делови на државата, со лабораториски потврдени случаи во сите 8 провинции и 18 од 26 области.

Станува збор за серотипот Vibrio Cholerae O1 El-Tor Ogawa кој е идентификуван како истиот вид на колера кој циркулира во Сирија. Во Сирија досега се пријавени околу 20 илјади случаи на заболени со симптоми на колера, изјави Директорот на регионалната канцеларија за вонредни ситуации на СЗО, Рик Бренан.

– Колерата е смртоносна болест која може да се превенира преку вакцини и пристап до безбедна вода и санитарни јазли. Лесно може да се третира со навремена орална рехидратација или антибиотици кај посериозните случаи, објаснува Др.Збдинасир Абубакар, претставник од СЗО.