Нема градинки, ниту паркови, ама има станбени згради. Непланското градење доведува до проблеми кои скопјани веќе ги чувствуваат на свој грб. Постоечките градинки во главната метропола немаат капацитет да ги згрижат сите деца. Карпош е само една од скопските општини која се соочува со ваков проблем.

Советот на општината допрва ќе ги проширува капацитетите на постоечките детски градинки.

Од здруженијата велат дека неопходно е да се планира и место за изградба на градинки во деталните урбанистички плановите. Бидејќи по изградбата на зградите жителите немаат каде да ги запишат своите деца, место за сите во државните градинки нема.

Во планот за живот, стои дека ќе се проширува мрежата на градинки и во оваа општина.

„Имаме план за проширување на мрежата на градинки низ Македонија. Со инвестицијата ќе опфатиме реконструкција и изградба на нови градинки, во голем број на урбани и рурални општини, меѓу кои Струга, Ѓорче Петров, Сопиште, Центар, Аеродром, Карпош, Теарце, Лозово, Карбинци, Шуто Оризари“

Проблем за скопските општини е и зеленилото кое го има малку или воопшто. А описот на Скопје како зелена, модерна и паметна метропола засега, според граѓанските здруженија стои само на хартија.