Едно истражување покажа дека најтемните чоколади се и најздрави.
Бројни студии од порано покажаа дека темната чоколада го зајакнува имунитетот, дека добро влијае на здравјето, на срцето и помнењето, но ова е прво истражување кое анализираше како тие ефекти се менуваат во зависност од видот на чоколадата.
Имено, истражувачки тим од универзитет во Калифорнија вели дека чоколадите кои содржат повеќе од 70 отсто какао се најдобри, бидејќи ги подобруваат мозочните функции и кардиоваскуларниот систем, зголемувајќи го протокот на крв и ублажувајќи ги воспаленијата.
Во склоп со ова, оние кои јадат темна чоколада подобро реагираат при стрес и имаат посилен имунитет, велат научниците.
„Со години го гледавме влијанието на темната чоколада на невролошките функции од гледиште на количината на шеќери која ја содржат – колку повеќе шеќер, толку сме и повеќе среќни“, вели главниот автор на истражувањето, професор Ли Берк, кој чоколадата ја карактеризира како „суперхрана“.
„Ова е прва анализа на влијанието на количината на какао во дози кои се наоѓаат во чоколадите и нивното влијание на човечките суштества, а резултатите се охрабрувачки“, вели Берк.
Ова истражување всушност покажа дека колку повеќе чоколадата содржи какао, толку има подобро влијание на когнитивните способности, помнење, расположение, имунитет и така натаму.
Какаото е богато со флаваноли – антиоксиданси кои се наоѓаат и во овошјето и зеленчукот и кои спречуваат воспаленија.
Инаку, и истражување кое минатата година беше спроведено во Италија покажа дека темната чоколада е добра за здравјето и дека луѓето кои секојдневно јаделе чоколада имале подобра концентрација, помнење и подобри реакции.