Многу е важно навремено да се препознаат симптомите за најретките канцерогени болести.
Туморите на мозокот доаѓаат во најразлични облици и величини, па така се разликуваат и нивните симптоми.
Клучниот фактор е локацијата во мозокот каде се наоѓа туморот. Кога ќе земеме во предвид дека секоја клетка во мозокот може да стане тумор и дека сите информации од секој дел патуваат кон него и од него излегуваат, јасно е дека списокот на потенцијални симптоми за тумор во мозок, може да бидат бесконечни.
НАПАДИ
Независно од видот на туморот, нападите се обично првиот знак дека злокобната болест се крие во вашиот мозок. Туморот предизвикува иритација на мозочните клетки, па поради тоа невроните може да се однесуваат на атипични начини, односно може да предизвикаат невообичаени движења.
Како и туморите, нападите се појавуваат во различни облици, како што се грчење на целото тело, неволни движења во вид на треперења во еден зглоб или на дел од лицето.
НЕСПРЕТНОСТ
Доколку често ви се случува да се сплеткате со клучевите, се сопнувате и губите рамнотежа, можеби не станува збор само за неспретност.
Обратете внимание и на проблеми со говорот (сплеткување со јазикот), голтањето или контролата за изрази на лицето.
ОТРПНАТОСТ
Губиток на чувство во некој од нозете или во дел од лицето, исто така, може да биде симптом за развој на тумор. Посебно во случаи каде туморот се формира некаде во близина или на самиот мозочен мост, симптомите ќе се манифестираат во вид на пореметување на рамнотежата и појава на вкочанетост. Тоа се случува затоа што токму тука мозокот се спојува со ‘рбетниот мозок.
ГЛАВОБОЛКИ
Глаболките може да се појават кај поголемиот дел тумори на мозок и тоа дури во подоцнежните фази на неговиот развој.
ПРОМЕНИ ВО ПАМТЕЊЕТО ИЛИ РАЗМИСЛУВАЊЕТО
Иако туморот може драстично да го промени нечие однесување и начин на размислување, таквите екстремни случаи се многу ретки.
Она што во праксата почесто се случува се проблеми со памтењето, концентрацијата и чувство на збунетост.
МАЧНИНА
Упорна мачнина која трае веќе подолго време и никако не поминува, можеби е знак за тумор на мозок, особено ако не наоѓате друго логично објаснување.
ПРОБЛЕМИ СО ВИДОТ
Замаглен вид, “двоја слика” и губиток на видот (привремен и траен) можат да бидат поврзани со туморот. Покрај тоа, можете да видите и разни облици како “ви лебдат во окото” и ви го пореметуваат видот.