Полицистинчните јајници се опишуваат како тивка женска болест, бидејќи симптомите многу често му ги препишуваат на стресот.
Заради тоа, многу жени не ни знаат дека имаат полицистични јајници.
Доколку се сомневате, ви откриваме 5 не така очигледни знаци дека патите од полицистични јајници. И секако, тоа значи задолжителна посета на гинеколог.
1. Нередовни менструации
Доколку немате редовен распоред на ментруација, таа трае предолго или прекратко, време е да побарате совет од гинеколог.
2. Појава на несакани влакненца на чудни места
Кај синдромот на полицистични јајници се произведува зголемена количина хормони кои доведуваат до раст на влакната. Доколку одеднаш ви се појават влакненца на места на кои никогаш претходно не сте ги имале, размислете за причината.
3. Претерана појава на акни и мозолчиња
Хормоните исто така може да доведат до претерано излачување на масти кои ги запушуваат порите, па избиваат во облик на акни и мозолчиња. Доколку имате полицистични јајници, тие прво ќе се појават на вратот или на прстите.
4. Растење на стомакот без објаснување
Ако се дебелеете или дуете во пределот на стомакот, а не знаете од што, исто така треба да ја проверите можноста за полицистични јајници.
5. Тешко зачнување
Жените со полицистични јајници не можат да овулираат, па проблемите може да доаѓаат токму од таму. Но, тоа не значи дека се осудени на неплодност. Затоа, навремените проверки и прегледи се секогаш добредојдени.