Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова поставија нови државни рекорди во уличните трки на 10 километри.
Ивановски на „Скопје Ран 10К“ што се одржа претпладнево во главниот град оствари време од 31:07 минути, а второто и третото место во машка конкуренција ги освоија Милош Ранчиќ (33:44 минути) и Атанас Анчевски (33:49 минути).
Прва на целта во женска конкуренција пристигна Србинката Теодора Симовиќ (34:59 минути) пред Поп Арсова (37:02 минути) и Билјана Кираџиева (37:59 минути).
Победа во штафетната трка однесоа членовите на тимот „Game On“ со 36:34 минути, оставајќи ги зад себе екипите на „NRC-NIKE+RUN CLUB“ со 37:55 минути и „3P DEVELOPMENT“ со 38:01 минути.