Се почесто и кај нас се користат хомеопатски лекови. Но дали се ефикасни овие лекови?
Угледниот научник Пол Гласи од австралискиот Универзитет „Бон“ ја прогласи хомеопатијата за неефикасна, откако со систематски преглед заклучил дека контроверзниот третман нема поголем ефект од плацебо лековите.
Професорот Гласи реководел на работната група на Националниот совет за здравствени и медицински истражувања на Австралија, чии членови ги истражиле доказите во 176 случаи на лекување со хомеопатија за да заклучат дали овој третман е валиден.
Меѓу овие случаи биле 68 различни здравствени проблеми и откриено е дека не постои доказ оти хомеопатијата е поефекасна од кое било плацебо.
Хомеопатијата се смета за алтернативна медицина темелена на идејата за разредување на материите во вода.
– Практичарите веруваат дека повеќе материи се разградуваат на овој начин и дека тоа дава поголема моќ во лекување на симптомите. Многу хомеопатски лекови содржат супстанца која е разредена повеќе пати во вода, додека целосно или речиси целосно не исчезнала оригиналната супстанца, наведува Националниот здравствен завод на Австралија.
Во Велика Британија две државни болници нудат можност за хомеопатско лекување.