Солта го менува вкусот на храната, но и влијае на телото на начини кои не можеме ни да ги замислиме Солта е примарен извор на јод, а негов недостиг може да доведе до струма, т.е. гуша. Од друга страна, ако се конзумира прекумерно, може да предизвика здравствени проблеми.

Надуеност

Ако имате проблем со надуеност, намалената конзумација на сол може да помогне. Прекумерната конзумација на сол го зголемува нивото на натриум во телото, поради тоа што ги задржува дополнителните количини на течности.

Висок крвен притисок

Солта влијае и на крвниот притисок. Колку повеќе сол внесувате, во организмот има повеќе натриум, а високото ниво на натриум го зголемува крвниот притисок. Со намалување на внесот на сол за 4,6 грама се намалува крвниот притисок. Недостигот на сол има спротивен ефект, така што се препорачува следење на внесот на сол, бидејќи на тој начин се контролира нивото на натриум во организмот.

Болести на срцето

Натриумот е многу важен за организмот, но неговиот вишик прави голема штета и може да доведе до кардиоваскуларни болести, болести на срцето, срцеви инсуфиенции и мозочен удар. Претераната конзумација на сол двојно го зголемува ризикот. Пушачите, повозрасните луѓе, дијабетичарите и луѓето со висок крвен притисок се ризична група, така што мора да го контролираат внесот на солта.

Когнитивните способности

Со зголемување на крвниот притисок се јавуваат мозочни проблеми. Луѓето кои внесуваат многу сол и слабо се движат ризикуваат намалување на когнитивните способности. Експертите советуваат намален внес на сол, како и секојдневно вежбање во траење од 30 минути, за човекот да биде ментално и физички здрав.

Бубрезите

Бубрезите имаат важна улога во филтрирањето на отпадните производи од крвта, а нивно затајување може да доведе до дисбаланс на течностите во крвта, абнормални состојби и на крај смрт. Високиот крвен притисок може исто така да доведе до затајување на бубрезите бидејќи врши притисок на артериите. Лицата кои имаат проблеми со бубрезите со намален внес на сол ќе почувствуваат подобрување. Потрошувачката на солта е дефинитивно поврзана со здравјето на бубрезите.

Потреба за сол

Тие што конзумираат многу сол често чувствуваат потреба за се поголеми количини. На тие луѓе им се советува солта да ја заменат со други зачини, како што е пиперот.

Мозочен удар

Големата потрошувачка на сол ја зголемува количината на натриумот во крвта, а тоа доведува до зголемен крвен притисок, кој може да резултира со мозочен удар. За контрола на натриумот во организмот се препорачува намален внес на сол.

Кожа

Претераното внесување на сол во организмот предизвикува ендеми, т.е. отоци на рацете, нозете и глуждовите. Тоа се екстремни случаи, но често се јавуваат и промени на кожата.