Многу е опасно да функционираме со покачени нивоа на шеќер во крвта.

Шеќерот во крвта започнува да се зголемува кога нашиот организам создава намалени количини на инсулин или воопшто не создава. Во нормални услови нашето тело создава инсулин по автоматизам, на пример, доколку сме јаделе оброк богат со јаглехидрати. Количината на јаглехидратите прават шеќерот во крвта да се зголеми, но инсулинот е тој кој го регулира неговото зголемување и го намалува нивото.

Покачениот шеќер во крв на почеток не е живото-загрозувачка состојба, но не смее да се чека премногу долго за да се превземе нешто околу тоа. Органите и мозокот се оние кои најмногу страдаат и се оштетуваат кога шеќерот во крвта е зголемен во долг временски период. Згора на тоа се зголемува и ризикот од инфекција, а високите нивоа на шеќер во крв можа да доведат до состојба на кома. Токму затоа е важно да се препознаат знаците кои ни ги дава нашиот организам кога шеќерот во крвта е зголемен.

  • Замор
  • Нервоза
  • Често мокрење
  • Постојано сте жедни
  • Заматен вид или двојно гледање
  • Губење телесна тежина иако не е променет начинот на исхрана
  • Чешање (особено околу гениталиите)
  • Повраќање
  • Отежнато дишење
  • Чести или повторувачки инфекции