Станува збор за чаша топла вода (или вода на собна температура) со свежо цеден лимон, која треба да се испие веднаш по будењето, на празен стомак. После тоа, важно е да не јадете или пиете ништо околу 30 минути за да може пијалокот без проблем да помине низ дигестивниот систем.

Топлата лимонада без шеќер е идеален пијалок бидејќи го подготвува телото за она што го чека во текот на денот – го детоксицира, делува благотворно на кожата, го стимулира мозокот и дигестивниот систем, помага во губење на вишокот килограми, го забрзува метаболизмот, го подобрува расположението…

Доколки цели лимон ви е премногу, можете да исцедите само половина. Најидеалната температура на овој пијалок би била температурата на телото. Исто така, имајте на ум дека ако ставите ладна вода, вашето тело мора прво да ја загрее за да продолжи со варењето.

Овој напиток е особено вреден за жените бидејќи ја рехидрира и негува косата и кожата. Додадете прстофат цимет во млаката вода со лимон за да го забрзате метаболизмот.

Еве зошто е добро да пиете вода со лимон секој ден:

  • Го алкализира телото
  • Го стимулира варењето
  • Има диуретично дејство
  • Го зајакнува имунитетот
  • Кожата е поубава
  • Го освежува здивот
  • Го подобрува расположението
  • Го хидрира телото
  • Помага при слабеење