Било да сте од оние кои се будат со првиот аларм или пак, сте намуртени и часови потоа, неколку навики мора да влезат во вашата утринска рутина.

Понекогаш, многу грешиме уште при самото будење, на пример, кога го земаме мобилниот телефон во рака или веднаш пиеме кафе или јадеме.

Наместо тоа, потребно е да се однесуваме кон себе и своето тело поодговорно, на следниве начини:

Испијте чаша вода веднаш по будењето

На овој начин го рехидратирате телото и го „будите“ дигестивниот систем.

Не го проверувајте мобилниот додека не се расоните

Станете, одете во тоалет, измијте се лице, истуширајте се, облечете се и дури потоа ѕирнете што има ново.

Одредете само еден приоритет

Иако имате многу обврски, одредете една која ви е приоритет да ја завршите тој ден.

Изедете здрав појадок

Наутро не го товарајте своето тело со масти и шеќери, туку со здрав оброк.

Ислушајте барем една песна што ја сакате

Ова навистина ќе ве орасположи и ќе ве направи поподготвени за претстојниот ден.