Изреката “ладни раце, топло срце“ е симпатична, но тоа не е она на што ладните раце можат да укажуваат. Кога се ниски температурите нормално е да ви се ладни рацете, бидејќи системот на циркулација ја регулира целокупната телесна топлина. Меѓутоа постојат некои симптоми на кои треба да обратите внимание.

  • Знаци на предупредување

Овие симптоми се знаци на предупредување дека постои некаков проблем со вените и цирклацијата и дека треба да е обратите кај вашиот доктор:

  1. Упорно ладни раце и нозе
  2. Промена на бојата на кожата
  3. Вкочанетост
  4. Пецкање
  5. Рани и Пликови
  6. Затегната кожа
  • На што укажуваат

Болести кои обично се поврзуваат со ладни раце се : анемија, Бургер болест, дијабетис, заболување на периферните артерии (PAD), Раинаудова болест, и склеродерма. Тоа се сите пореметувања кои можат да ја намалат циркулацијата на крвта во екстремитетите. Докторот може да диагностицира каде е основниот проблем и да предложи соодветен третман.Исто така, постојано ладните раце и нозе може да биде реакција на одредени лекови како што се бета – блокатори и лекови за штитната жлезда и мигрената.

  • Смрзнатини

Смрзнатините се последица на многу ладните раце. Кога телото е изложено на температура под точката на мрзнење подолго време, кожното ткиво може да замрзне и да помодри.Смрзнатините најчесто се јавуваат на рацете, стапалата, носот и ушите. Може да осетите трнење или пецкање, а вашата кожа може да изгледа бела како восок. Во потешките случаеви на кожата можат да се појават пликови. Доколку мислите дека имате смрзнатини, одете на лекар или на итна помош за непосредна евалуација.