Доколку оваа намирница ја вклучите во својата исхрана, гарантирано ќе бидете изненадени од позитивните благодети кои вашиот организам ќе ги добие токму од оваа билка.

Имено, оваа билка се користи за лекување на разни видови болести, бидејќи поседува бројни позитивни својства и помага при проблеми со штитната жлезда и лошото варење на храната. За оваа билка се вели дека е одличен лаксатив!

Станува збор за ротквиците кои ги има во повеќе видови. Најчесто застапена ротквица во исхраната е црвената ротквица, поради нејзиниот вкус, но и поради лесниот начин за нејзино одгледување. Зад неа секако не заостануваат и останатите видови како дајконот, црната ротквица, мугри, маслената ротквица и други.

Ротквиците значително можат да го подобрат нашето здравје, бидејќи има способност да ја поттикне регенерацијата на клетките. Исто така, им помага на пуферите во организмот полесно и побрзо да ги исфрлат штетните материи, но и да се намалат болките во стомакот.

Мора да се споменат и позитивните дејства врз црниот дроб, бидејќи го регенерира и помага во подобрување на неговата функција.

Ротквицата е богата е со витамин Ц и бројни антиоксиданти и хранливи материи.

РЕЦЕПТ ЗА РЕГЕНЕРАЦИЈА НА ОРГАНИТЕ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 ротквици со средна или помала величина
2 супени лажици рендан корен од ѓумбир
4 лажици мед
4 лимони – исцеден сок

ПОСТАПКА:

Сите состојки убаво сомелете ги во блендер, а ако е потребно додадете уште 50 мл вода. Кога ќе добиете густа и изедначена смеса, складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја затворена во фрижидер.

Уотреба; по една лажица, 3-4 пати во текот на денот, помеѓу оброци, во текот на три седмици. Секој ден треба да се испие најмалку 2 литри вода.