Едно неодамнешно истражување покажа дека осум хемикалии кои ги содржат маслото од лаванда и маслото од чајно дрво можат да предизвикаат абнормалното растење на гради кај млади момчиња (гинекомастија). Употребата на овие масла влијае на хормоните.

Според американското истражување главните хемиски состојки во маслата го зголемуваат лачењето на естрогенот, а го намалуваат лачењето на тестостеронот. Не секој ќе ја има истата реакција на есенцијалните масла.

Маслата од растенија ги има во многу продукти, како што се сапуни, лосиони, шампони и продукти за правење фризури. Тие исто така се популарни како алтернативни продукти за чистење и се користат во медицински третмани.

Зголемениот број пријавени случаи на машка гинекомастија се поврзува со изложеност на маслата. Откако престанале да ги користат производите, симптомите се повлекле.