Доколку во последно време често ве чеша главата, а добро сте се прегледале и – не се вошки, тогаш причината може да биде кожно заболување на темето, нервоза или недостиг од витамини.
Ако постојано ве чеша главата и тоа ве вознемирува, важно е да ја утврдите причината.
* Себореичен дерматитис е воспалително заболување чии предизвикувачи се квасни габи. На подлогата на нивното активно размножување и раст во пределот на лојните жлезди доаѓа до воспаление, првутење и јадеж на кожата на главата. Во тој случај посетете дерматолог и трихолог (дерматолог што се специјализирал за лекување ќелавост, опаѓање на косата и болести на кожата на главата).
Причини за себореичен дерматитис може да бидат стрес и заболувања на нервниот систем, хормонски промени и имунодефицитни состојби (пад на имунитетот). За да не се размножуваат габичките, јадете помалку јаглехидрати (слатки, печива, компир) и производи од соја, кои придонесуваат за нивниот раст. А антигабично дејство имаат лукот, лененото семе, ѓумбирот, авокадото.
* До контактен дерматитис на кожата на главата доаѓа поради агресивно влијание на хемиските супстанции од шампоните, регенераторите, лаковите и боите за коса. Доколку јадежот се појавил по примена на ново средство – променете го (на пример, шампонот заменете го со некој природен, без сулфати).