Научниците докажаа дека екстрактот од листовите на маслиновите дрва е одличен за здравјето, затоа што има многу корисни својства и со него можеме да третираме голем број на болести.
Бенефициите на овие листови се големи, тие можат да помогнат во лекување на кардиоваскуларни болести и имунолошкиот систем, зголемување на енергијата, го регулира крвниот притисок, превенираат дијабетес и Алцхајмерова болест.
Маслинките се одгледуваат во медитеранските земји. Исто така растат и во Австралија, Перу и Чиле. Лисјата од маслинките за прв пат биле употребени во медицински цели во Египет. Антибактериските својства на маслиновите лисја се користат за третирање на различни инфекции, како што е кандида, менингитис, енцефалитис, херпес 6 и 7, хепатитис Б, зостер, маларија, туберкулоза, гонореја, инфекции на уринарниот тракт, инфекции на уво итн.
Сите бенефиции на користењето на маслиновите лисја се содржани во медитеранскиот начин на исхрана. Медитеранската исхрана, исто така, бара висока концентрација на маслиново масло.
Екстрактот од маслиновото дрво е достапен во вид на капсули, во форма на масло – или едноставно користете лисја.