Ново истражување покажало дека консумирањето ултра преработена или брза храна за време на бременоста има здравствени ризици за фетусот.

Колку и да сакате помфрит и бургер, држете се настрана од таквата храна за време на бременоста, предупредуваат педијатрите откако ново истражување покажало дека консумирањето ултра преработена или брза храна за време на бременоста има здравствени ризици за фетусот.

Освен мастите и калориите, ризикот доаѓа и од хемикалии кои често завршуваат во хамбургерите и помфритот, се наведува во студијата на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон објавена минатиот месец во списанието Environment International. Познати како фталати, овие хемикалии често се ослободуваат од брзата храна или работничките пластични ракавици, а се поврзани со аутизам, АДХД, предвремено раѓање и мала родилна тежина. Кога храната е контаминирана со овие штетни микропластификатори, хемикалиите можат да навлезат во крвотокот на бремената мајка.

„Кога мајките се изложени на оваа хемикалија, таа може да ја премине плацентата и да влезе во феталната циркулација“, вели главната авторка на мстудијата, педијатарот Шила Сатјанарајана.

Проучувајќи повеќе од 1.000 трудници во вториот триместар, истражувачите откриле дека поголемото консумирање на ултра-преработена храна била поврзана со повисоки концентрации на еден од најчестите и најштетните фталати. Истражувачите предупредуваат дека, покрај вообичаената брза храна како помфрит, хамбургери и газирани сокови, мешавините за колачи исто така носат одреден ризик.

Сатјанарајана ги советува трудниците што повеќе да избегнуваат брза и преработена храна. Наместо тоа, наместо масти и шеќер, треба да консумираат овошје, зеленчук, немасно месо и енергетски барови направени со органско овошје, како што се урмите.