Пред фактите и боговите молчат, Велимир Смилевски и хаосот што го направи во Бутел

Постојат научно докажани факти кои ќе ви помогнат да го освоите срцето на вашата симпатија. Истражувањата велат: носете црвено, смејте се на неговите шеги, замавнете со колковите, не држете строги диети…

Црвен фустан – Ако имате црвен фустан кој го имате заборавено, најверојатно ќе сакате да го извадите откако ќе го прочитате ова. Едно истражување спроведено на универзитетот Рочестер, покажало дека мажите ги означиле жените облечени во црвено како сексуално поатрактивни, во однос на оние кои не носеле црвено. Но, црвената облека сепак не може да направи чуда. Врз мажите не влијае бојата која ја носите на себе, кога тие го рангираат вашиот карактер и интелигенција.

Црвени усни – Обојте ги вашите усни со црвен светкав сјај за усни и ќе имате поголеми шанси да го привлечете погледот на мажите кон вас. Научници од универзитетот Манчестер откриле дека мажите поминуваат многу време зјапајќи во вашите совршени усни, особено ако имате ставено црвен кармин. . Хипотезата е дека црвените усни го имитираат проширувањето на крвните садови, кое се случува за време на сексуалната возбуда.

Насмевка – Недамнешно истражување објавено од страна на Американската психолошка асоцијација, покажало дека смеењето ве прави поатрактивни, бидејќи го стимулира центарот за емоции во мозокот на мажите. Едноставно кажано, вие ќе изгледате многу попристапна, ако на себе носите блескава насмевка. Така што, наредниот пат кога ќе излезете со некое момче на кафе, знаете што треба да направите. Насмевката е вашиот најдобар моден додаток.

Истакнете ја вашата силуета – Тој навистина не ги забележува тие неколку килца кои ги качивте во текот на изминативе месеци, а сега за тоа тврдење постои и доказ. Истражувачи од Шкотска забележале дека мажите повеќе ги посакуваат оние жени кои имаат нормална телесна тежина, во однос на оние кои се екстра слабички. Затоа, престанете да зјапате во наслвната страница од модното списание и самоуверено носете ги вашите секси бикини наредниот пат кога ќе отидете на плажа или базен и безгрижно гризнете една-две вафли кога ќе огладнете.

 

извор: vistina.com.mk