Најчесто не сме свесни колку калории внесуваме секој ден. Додека ние се занимаваме со други работи, бројот на калории расте, а најчесто не сме ни свесни за тоа. Доколку се пронајдете во овој опис, обидете се да бидете свесни за своите оброци – пред оброкот, за време на оброкот и по оброкот. Во едно истражување, луѓето кои тешко се фокусирале на моментот во кој се наоѓаат имале ури 34% поголеми шанси да се здбелат.
Првиот чекор е разликување на физичкиот од емоционалниот глад.
Физички глад
– Се појавува постепено
– Вашиот желудник ви сигнализира дека сте гладни
– Било која храна може да ве задоволи
– Лесно може да го задоволите гладот
Емоционален глад
– Се појавува одненадеш
– Работи по ментална желба
– Посакувате специфична храна
– Тешко можете да го задоволите гладот
Доколку ги препознавте знаците на физичкиот глад, едноставно нахранете го вашето тело со добро „гориво“ како протеините или зеленчук. Но, доколку се работи за емоционален глад, обидете се да ги пронајдете трите зборови со кои можете да опишете како се чувствувате (на пример фрустрирано, досадо, луто), а потоа обидете се да најдете начини на кои ќе се изборите со негативните чувства (на пример шетање, играње шах или дружење со саканите личности).