Силиконот најчесто се додава во производите за нега на коса, за да ги затвори кутикулите на влакното и да ја направи косата мазна, нежна и подобро да може да се обликува.
Но, ако претерате со користење на производи кои го содржат, тоа ќе се види на вашата коса, која наместо нежна, ќе биде залепена и масна. Исто така, важно е и како и кога ги користите овие производи.
Во последните години популарни се шампоните без силикон и тоа со право – неговата улога е да ја исчисти косата и темето на главата, а силоконот би можел да им наштети на фоликулите. Може да предизвика и претерано мастење, како и бавно растење на косата.
Но, кога се работи за производи за стилизирање, тогаш дури и потребно е да содржат силикон, макар и да се работи за регенераторот и маската за коса. Најважно е овие производи да не ги нанесувате на корените на косата и кожата на главата и да ги исплакнете добро, како што е наведено на самото пакување. Кога се во прашање силиконските капки, восокот за коса и другите слични производи, нанесувајте ги од половина должина надолу, бидејќи најчесто од средината кон коренот косата е доволно здрава за да нема потреба од дополнителен третман.