Под антиканцерогени намирници подразбираме намирници кои играат своевидна улога во заштитата од канцер. Несомнено знаете дека тоа се овошјето и зеленчукот. Но, кои од нив се меѓу најмоќните, а истовремено и достапни за нас?
Јагода
Брокула
Овој зеленчук го бие лош глас заради својот вкус. Но, доколку пробате секојдневно да ја употребувате, ќе видите дека и не е толку невкусна, особено ако знаете како да ја приготвите правилно салатата од брокула. Броклулата е многу нискокалорична и е еден од најпрочуените борци против ракот. Се смета дека е особено ефикасна против рак на дојка, матка и дебело црево.
Спанаќ
Зеленчук кој треба да го употребувате често. Околу неговите здравствени придобивки можеме многу да кажеме. Тој е извонредно нискокалоричен, па можете да јадете колку што сакате без страв дека ќе се здебелите. Штити од канцер на усната празнина, ларинксот и горните дишни патишта, го штити целото тело и ја подобрува крвната слика. Содржи многу материи неопходни за организмот и затоа слободно можеме да кажеме дека спанаќот е чудо на природата.
Ананас
Добро, можеби и не го користиме баш толку често, но сепак добро е да нагласиме дека ананасот е одличен избор за правилна детоксикација на телото, а со тоа и силен борец против карциномите. Тој е богат со витамин Ц, што е уште една причина плус за редовна консумација.