Во сезоната на настинки и грип не мора секогаш да се трча во аптека.
Овој напиток ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот и да ги ублажите симптомите од здодевната настинка и грипот.
Ќе ви бидат потребни:
1 црвен или жолт грејпфрут
2 портокали
1/4 лимон со кора
половина шолја за кафе вода
малку рендан ѓумбир
Излупените портокали и грејпфрутот и лимонот со кора заедно со водата ставете ги во блендер и миксирајте ги две минути.
Подготвениот напиток пијте го наутро и навечер 10 дена.