Општина Битола ќе поддржи инфраструктурни барања и проекти на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел”, чиј објект е во централното градско подрачје.
За време на попладневната посета на Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел”, градоначалникот на Битола Наташа Петровска посочи дека во општинскиот буџет за 2020 година, како и во програмите на локалните јавни претпријатија ќе биде предвидена проектна поддршка на здравствениот дом во овој град.
– МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛНАТА СОРАБОТКА ИМА ПОВЕЌЕ ЗАЕДНИЧКИ И ДОПИРНИ ТОЧКИ И ТИА МОЖЕ ДА БИДАТ ЗБОГАТЕНИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ КОИ СЕ ИСПОРАЧУВААТ. НИЕ КОНТИНУИРАНО ПОМАГАМЕ НА ОВАА УСТАНОВА И СО ОПШТИНСКИ СРЕДСТВА ИНФРАСТРУКТУРНО Е РЕШЕНО ПОСТАВУВАЊЕТО НА БЕХАТОН ПЛОЧКИТЕ ОКОЛУ ДОМОТ, СО ШТО Е РЕАЛИЗИРАНА ТРОТОАРСКАТА ЦЕЛИНА. ИСТО ТАКА СО ОПШТИНСКИ СРЕДСТВА Е НАПРАВЕНА И НАСТРЕШНИЦАТА. ВО СЛЕДНАТА ГОДИНА, ОПШТИНАТА СО БЕХАТОН ПЛОЌКИ ЌЕ ГО САНИРА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ СЛУЖБАТА ЗА БРЗА ПОМОШ, ИСТАКНА ПЕТРОВСКА.
Раководството на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел” – Битола ја информира градоначалничката Петровска со новите проекти за реновирање на депото за инсулин, набавени медицински апарати, реновираните објекти, како и реализираните нови вработувања во таа здравствена установа.