Треба да се вратат невакцинираните деца од градинките. Доволно е сензибилно и нема оправдување, рече министерот за здравство, Илир Демири за состојбата со големата кашлица и ситуацијата во градинките.

Министерот апелира да се зголеми свесноста и значењето на тоа што значи вакцинација. Вели дека засега официјален податок околу тоа дали и колку денеска има деца кои се вратени од градинките поради тоа што не се целосно вакцинирани со потребните дози на ДиТеПер вакцина.

Вонредните контроли на здравствениот инспекторат по градинките доаѓаат по препорака на Комисијата за заштита од заразни заболувања и одлука на министерот за здравство со цел да се спречи ширењето на епидемијата со пертусис.

Лекарите велат дека ваквите мерки се потребни за да може да се стопира големата кашлица.

Во земјава, согласно последната евиденција од минатата недела, регистрирани се 123 случаи на пертусис, од кои 109 од заболените лица се од Скопје. Состојбата во државата, според надлежните, е стабилна.