Од службата за помош и информации при АМСМ, утрово известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките и наместа влажни коловози на пониските места. Снег утрово врне на Попова Шапка, Стража, Пресека и Маврово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодна брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.